Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Собранието вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои се унапредува квалитетот на здравствените услуги, како и условите за работа на медицинскиот персонал.
Измените на Законот обезбедуваат придобивки за пациентите и олеснет пристап до здравствени услуги на секое ниво и до секој граѓанин.
Се надминува проблемот со недостиг на кадар во одредени јавни здравствени установи. Со измените се дава можност здравствени работници од една јавна здравствена установа да одат и пружаат услуги на пациентите во друга јавна здравствена установа согласно потребите на граѓаните.
Наместо пациентите како досега, да патуваат до големите болници, сега со измените, специјалистите ќе доаѓаат каде што е потребно.
Уште една измена што е во корист на пациентите е измената во делот на дополнителната дејност. Со оваа измена, во цената на услугата остварена како дополнителна дејност, пациентите кои се осигуреници ќе ја плаќаат само цената на тимот, а услугата ќе биде покриена преку Фондот.
Се воведуваат измени што се во интерес на медицинскиот персонал и специјализантите.
Со измените, значително се намалува времето што специјализантите треба да го одработат доколку се вработени во јавна здравствена установа.
Претходно, ако специјализацијата траела до 5 години, специјализантот одработува 5 години, а ако траела над 5 години специјализантот одработувал 10 години.
Сега, со измените периодот на одработувањето ќе биде еднакво на годините колкушто траела специјализацијата.
Паричниот надоместок доколку не го одработат договорениот период од петократен се намалува на двократен износ.
Ова е мерка да се стимулираат младите доктори да специјализираат и останат да рсботаат во државата.
Со измените здравствениот работник, односно соработник кој е именуван за директор може да ја врши и понатаму својата дејност со работа со дежурства, за што има право на соодветен надоместок.
Истовремено се укинува и менаџерскиот испит за директори.
Почитувани,
Ова се само дел од придобивките од измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита.
Како одговорна партија остануваме посветени на развој и унапредување на здравствениот систем, подобри услови за работа и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.