Соопштение за јавност
Целосно ги демантираме тврдењата дека Бојан Јовановски ја финансирал кампањата на градоначалникот на Општина Карпош и член на Извршен одбор на СДСМ, Стефан Богоев.
Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, во кампањата за локални избори 2017 година, за сите кандидати за градоначалници на СДСМ, вклучително и за Стефан Богоев има склучено договори за закуп на билборди.
Плаќањата за закупените билборди се извршени преку Наменеската сметка за локални избори 2017 година.
Лага е дека се плаќало на луѓето кои работеле во кампањата за Стефан Богоев. Во кампањата на Богоев, но и во кампањите на сите други кандидати за градоначалници, на волонтерска основа делуваат активистите и членовите на СДСМ и коалициските партнери.
Не се плаќало ниту за дневници, ниту за други трошоци.
Сериозна лага е веста дека се купувале гласови во Нерези и Злокуќани!
Заврши времето кога се вршеше поткуп за глас или се уценуваше со присуство на митинг за да се задржи работното место.
Во текстот на „Вечер“ нема ниту еден конкретен доказ и аргумент.
Лажните вести најдобро говорат за ВМРО-ДПМНЕ и за квази новинарите, кои немаат храброст да се потпишат зад текстот.
Лажните текстови се рефлексија на фактот што во Карпош повеќе нема соработка меѓу градоначалникот и градежната урбана мафија, туку законот важи подеднакво за сите инвеститори.
Општина Карпош денеска е меѓу водечките локални самоуправи, а Богоев е меѓу градоначалниците во кои граѓаните имаат најголема доверба.