Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Од симболот на криминалот и корупцијата, од белиот дворец, преку Христијан Мицкоски се јави гласот на Никола Груевски, вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Денешната прес конференција не бешеништо друго освен одбрана на криминалот на режимот и нов обид за блокада на реформите, закочување на напредокот и успехот на државата.
Криминални октоподи и заштита на криминалот на фамилијата се единствена одлика, константа на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Фрустрираниот Христијан Мицкоски ќе можеше да си дозволи, да му биде полна устата со правда само доколку го осудеше се она што го правеше тој и врвот на неговата ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе можеше Христијан Мицкоски да ги погледне граѓаните во очи само доколку јавно побараше расчистување на криминалот на режимот и доколку повикаше одговорност на неговите, од ВМРО-ДПМНЕ, за кои има бројни судски постапки.
Правда, почитување на законите и влдеењето на правото се одлика на оваа Влада предводена од СДСМ и секако,правда ќе има.
Актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.
Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.
Сите се еднакви пред законите.
Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес ина граѓаните и државата.
Денеска Христијан Мицкоски неуспешно се обиде да побара алиби за своето антидржавно однесување, спротивно од интересите на граѓаните и државата.
Не го интересираат ниту реформите, ниту напредокот на државата, единствената работа која што е од интерес на Христијан Мицкоски е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски.
Со своето антидржавно однесување, Мицкоски очајно се обидува да го загрози заокружувањето на процесот на реформите, директно врзани и со почеток на преговорите со ЕУ.
Христијан Мицкоски не сака да има попис. Старото, криминално крило на ВМРО-ДПМНЕ не сака земјава да се развива. Ова крило на ВМРО-ДПМНЕ сака земјата да остане во изолација, 18 години да биде без попис на населението.
На очајниот Мицкоски му упатуваме јасна и недвосмислена порака: неговите блокади и деструкции нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи, со него или без него.
СДСМ ќе направи се, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее.