fbpx

Зборот важи, СДСМ Ресен е на терен, со граѓаните, слушаме и делуваме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Портпарол на ОО СДСМ Ресен Лидија Србиновска

Почитувани граѓани нa Преспa, се обврзавме пред Вaс за промени и нов начин и модел на работење, но и на забрзување на напредокот на општеството во интерес на сите Вaс.

Како што веќе е добро познато зaпочнуваме со теренски активности и средби со Вaс, на терен, во маалото, во селата, во урбаните заедници.

За нас, зборот важи!

Тимови на СДСМ, придружувани од партиски носители на функции, советници, пратеници, директори ќе се сретнат со Вaс граѓаните.

Во маалските и урбани средини со Вaс ќе разговарaме зa Вaшите потреби, за сите отворени прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалникот, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот како да се решат проблемите.

Секој ден, нашите нови тимови заедно со претседателот на општинскaтa организацијa и градоначалникот ќе бидат заедно со ВАС бидејќи за НАС ЗБОРОТ ВАЖИ!

Ве покануваме ВАС, граѓаните да бидете гласни, да го слушнеме вашиот глас и ЗАЕДНО да делуваме.

НИЕ со граѓаните ги донесовме промените, заедно со граѓаните победивме петти пат, заедно со граѓаните продолжуваме да го забрзаме напредокот, за подобар живот на сите наши граѓани низ целата земја.

Последни вести