fbpx

Планинарскиот дом Копанки да се врати во сопственост на државата, незаконските шеми на ВМРО ДПМНЕ беа на штета на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција

 

Општина Битола покрена постапка за поништување на незаконското приграбување на државниот имот на планинарскиот дом Кoпанки, сопственост на граѓаните, од страна на здружението ПСК Пелистер.

По завршување на постапката и впишувањето на планинарскиот дом Копанки водржавна сопственост општина Битола ќе го побара во владение.

Општината на својата сметка има доволно пари да го обнови планинарскиотдом Копанки во најбрз можен рок за што има и одлука на Советот.

Јавноста треба да знае, здружението ПСК Пелистер има извршено незаконско приграбување на сопственоста на планинарскиот дом Копанки на 10.11.2016 преку негово впишување како таков во Агенцијата на катастар и недвижности.

Ова е во директна спротиставеност  со членовите 105 и 106 од Законот за утврдување на правен статус. Согласно овие членови:

Здружение на граѓани не може да биде сопственик на имот кој до 1991 година и припаѓал на државата, односно планинарскиот дом Копанки бил и морал да остане во државна сопственост.

Здружение на граѓани може да биде само закупец на овојимот, што било и случај до критичниот 10.11.2016 година кога со помош на тогашната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ, незаконски, преку ноќ, планинарскиот дом Копанки станал приватна сермија на неколкупоединци.

Битолската јавност многу добро знае дека претседателотна ПСК Пелистер е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник во општина Битола во периодот 2009-2013. Само овој факт е доволен доказ за тоа дека со политички игри планинарскиотдом Копанки некој сакал да го приграби, на штета на граѓаните.

Копанки ќе остане во државна сопственост, во сопственост на граѓаните и нема да биде приватизиран.

Се обврзуваме Копанки да го изградиме, да го обновиме, да биде планинарски дом  кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени. Конечно, планинарскиотдом Копанки ќе им го вратиме на Битолчани!

Почитувани сограѓани, за СДСМ и коалицијата зборот важи!

 

 

 

Последни вести