fbpx

Антизападниот Мицкоски е фрустриран поради тоа што претседателот Заев ги брани државните и национални интереси

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Прв се јави антизападниот пион Христијан Мицкоски.

Мицкоски е очигледно фрустриран поради тоа што премиерот Зоран Заев жестоко ги брани државните и националните интереси, членството во ЕУ и НАТО!

И тоа го прави секаде, и во јавните настапи и во телефонските разговори.

Оставка не поднесува оној којшто се бори државата да стане полноправна членка на НАТО, и да продолжат интеграциите во Европската унија.

Заканите од хибридни напади, лажни вести и манипулации се само затоа што сме посветени и стануваме 30 земја членка на НАТО.

Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат нашата татковина да стане членка на НАТО и ЕУ.

Што се однесува до предвремените избори, Мицкоски исто вака лажно се силеше и пред претседателските избори, па доживеа пораз.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги загубија претседателските избори, но ги загубија и локалните избори во Охрид и Ново Село.

Антизападниот Мицкоски, кој нема ниту програма ниту понуда, може да се надева само на уште еден пораз.

Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре.

Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ!

Последни вести