fbpx

Мицкоски нема капацитет да ја промени партијата, а не пак државата, може да очекува само нов пораз од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Наводниот нов концепт, наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ се лажни и провидни.

Без извинување и расчистување со мрачното минато, ВМРО-ДПМНЕ не може да се оправи ни самата, а не пак да нуди концепт за сите луѓе. За да нуди некаква промена Христијан Мицкоски прво мора да се промени себеси, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но тоа го нема.

Мицкоски докажан бранител на криминалот и извор на лажни вести, повторно се обидува да ги измами граѓаните со лажен наратив.

За да нуди таканаречен концепт за сите луѓе, Мицковски треба прво да го напушти Белиот дворец, најлуксузното и најскапо партиско седиште во Европа. Да престане да брани лица осудени за тероризам, да почне искрено и со дела да ги почитува другите етнички заедници, и да се престрои на страната на граѓаните, наместо да биде на страната на криминалците.

Мицкоски мора да се огради и да се извини за криминалот со кој нивниот режим 11 години ја пустошеше државата и граѓаните и на крајот, барем еднаш да соопшти дали навистина е за ЕУ и НАТО или одработува други антизападни агенди.

Без сето ова, нерефеормираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, може да очекува само нов пораз на претстојните локални избори.

Граѓаните бараат и заслужуваат политички натпревар со идеи кои ќе го подобрат животот. Затоа СДСМ е препознаена како државотворна и одговорна партија, партија која е гарант на напредокот.

Затоа и на претстојните локални избори СДСМ е убедлив фаворит, знаат граѓаните дека СДСМ го има најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата.

Последни вести