fbpx

Нема причини за одлагање на пописот, таа статистичка операција не треба да се политизира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прашање: Во тек, или се доближува времето и за локалните избори, но и за пописот, дали има можност и двете да се склопат или кој е ставот на партијата, едните дали треба да се одложат и ако се одложат едните, кои? Пописот или изборите?

Одговор: Сметаме дека нема потреба да се одложуваат ниту пописот ниту локалните избори, тоа се два процеса кои што течат паралелно и наш став е дека истите нема потреба, ниту пописот како статистичка операција да се одложува, ниту одржувањето на локалните избори.

Подпрашање: Но дали тоа би значело дека може, на пример пописот да се користи за да се злоупотребува за избори, или од едната или од другата, било од која?

Одговор: Нема потреба, тоа е статистичка операција и никако не смееме да дозволиме да се политизира нешто што мора да го направиме, впрочем и договор е помеѓу двајцата лидери дека на тој датум ќе се одржат, односно во тој период ќе се одржи статистичката операција – спроведување на попис и мислам дека коректно е од политичарите, пред се мислам и на Мицкоски затоа што најчесто од нивна страна доаѓа политизирање на одредени аспекти за пописот да не се користат за политички цели. Тоа е статистичка операција.

Последни вести