fbpx

Пратеничката Зеќири од трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар: Создадовме праведно и правично општество на еднакви можности и држава во која никој не е изоставен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ние во Собранието пуштивме закони со кои се обезбедуваат повеќе работни места , се грижиме за иднината на младите, а опозицијата кочи и блокира се, го кочи и законот за наставници , каде ние се трудиме наставниците да со добијат трајно решение за работен однос , законот за Армија исто така е заглавен во собраниска процедура и уште многу други закони со кои се гарантираат уставните права на граѓаните, истакна на трибината на СДСМ под мотото “Најдоброто за нашата општина“ во Дебар пратеничката на СДСМ Белкиса Зеќири.

Таа нагласи дека СДСМ се бори за своите граѓани, а не заработува на грбот на граѓаните, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и во време на пандемија покажа како се работи, реализиравме сетови мерки финансиска помош, за граѓаните, спасивме 100.000 работни места, им помогнавме на десетици илјади компании, успешно вбризгавме 62 милијарди денари во домаќинствата и компаниите, нашата грижа е подеднаква за сите, истакна Зеќири.

Пратеничката Белкиса Зеќири нагласи дека СДСМ создаде чувство за соживот , за доверба и почит, СДСМ го создаде и имплементира, Едно општество за сите , тука нема поделби по етничка и верска припадност , тука има луѓе способни кои се грижат за своите сограѓани, нашата платформа едно општество за сите, е платформа за напредок и социјален развој за сите подеднакво.

Создадовме праведно и правично општество , општество на еднакви можности и држава во која никој нема да биде изоставен, порача Зеќири.

Нашата цел е заедно да ги креираме политиките и мерките кои гарантираат развој , напредок и подобар квалитет на живот за сите, затоа што следна работа што доаѓа е најдоброто за нашата општина, истакна пратеничката Белкиса Зеќири на трибината во Дебар.

Последни вести