fbpx

Заврши блокадата на Иванов, повторно ги усвоивме законите што се во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, 

Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ
Скопје, 17.05.2019

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Со задоволство можам да соопштам дека заврши блокадата на законодавниот процес во Собранието на Република Северна Македонија, со која поранешниот претседател Иванов нанесуваше директна штета на граѓаните и на интегративните процеси на државата.

Повеќе од три месеци Собранието на Република Северна Македонија беше заложник на однесувањето на Иванов, кое беше спротивно на волјата на граѓаните претставувана преку парламентарното мнозинство.

На вчерашната седница во трето читање изгласавме низа закони, меѓу кои и Законите за прекинување на бременоста, за спречување и заштита од дискриминацијата, Законот за Судскиот совет, за коишто Иванов спротивно на Уставот не сакаше да ги потпише указите за нивно прогласување.

Станува збор за исклучително важни закони, чие донесување граѓаните го бараа и го очекуваа, но и кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси.

Законодавниот процес е повторно во функција, а Собранието на Република Северна Македонија конечно може со полн капацитет ефикасно да работи.

Како парламентарно мнозинство остануваме силно посветени на градењето едно општество за сите, без поделби, без дискирминација, општество на еднакви граѓани со еднакви можности независно од полот, расата, верата или пак сексуалната определба.

Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за прв пат со закон се заштитуваат лицата со попреченост, различен родов идентитет, различна сексуална ориентација.

Овој закон беше подготвен во соработка со невладиниот сектор, но е и еден од условите за евроинтеграцискиот процес на нашата држава.

Законот за прекинување на бременоста, граѓаните го очекуваа подолго време и кој овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје.

 Продолжуваме и ги реализираме нашите заложби за владеење на правото, за реформи во судството и за еднаквост на сите пред законот.

Законите за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, откако ВМРО-ДПМНЕ буквално го сруши судскиот систем.

Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период.

Не отстапуваме од целта Република Северна Македонија да биде стабилна, просперитетна и економски развиена европска држава.

 

 

 

 

 

 

Последни вести