fbpx

Сиљановска била министер во првата влада, а нејзиниот сопруг терал бизнис со фри шоп, таа е неискрена и нечесна кон граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов – портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 12.04.2019

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Гордана Сиљановска не само што е залутана во политиката, залепена зад деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ зборува против се и се што, па и против самата себе си.

Канидатката на Христијан Мицкоски ги напаѓа политиките на првата Влада во независноста, против Владата во која токму таа била министерка.

Сиљановска, во времето на транзицијата била министерка а нејзиниот сопруг токму во тоа време терал бизнис со „фри шоп“.

Сиљановска е пример за транзициски политичар според критериумите на нејзината ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Секојдневно се докажува, Сиљановска е нечесна и неискрена пред граѓаните, иста е како Иванов и Мицкоски.

Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

Граѓаните на овие избори ќе изберат вистински претседател кој ќе работи во интерес на државата а не на париите, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на Република Северна Македонија.

 

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести