fbpx

СДСМ создава подобри услови за младите – 15 милиони евра за субвенционирани оброци за 40.000 студенти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

СДСМ, заедно со СДММ креира и реализира мерки и политики за зголемување на студентскиот стандард и обезбедување на подобри услови за живот на младите во државата.

Во таа насока се и измените и дополнувања на законот за субвенциониран студентски оброк, усвоени во Собранието, по поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија.

Мерката опфаќа околу 40.000 активни студенти, кои на почетокот на секој месец на сметка ќе добијат средства за субвенционирани оброци.

Министерството за образование и наука ќе врши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците.

Измените овозможуваат корисникот на субвенционираниот оброк да може го оствари своето право кај секој еден трговец.

Со ова се олеснува секојдневието на студентите, ќе се подобри студентскиот стандард, ќе се зголеми нивната финансиска стабилност и секој студент ќе може да го оствари своето право на здрав и квалитетен оброк во своето место на живеење.

СДСМ останува посветен на мерките и политиките што го унапредуваат квалитетот на животот на младите, создаваме подобри услови за сите млади во нашата земја.

Ви благодарам

 

Последни вести