fbpx

Филипче во Неготино и Кавадарци: Вложуваме постојано во здравството, обезбедуваме напредок во секоја сфера, затоа ја имаме довербата од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера попладне беше во посета на Кавадарци и Неготино каде се сретна со повеќе целни групи на граѓани.

На средба со здравствените работници, Филипче изрази благодарност до нив за посветеноста и пожртвувавноста во борбата против коронавирусот и се осврна на политиките што СДСМ ги спроведува во здравството а кои резултираат со унепредување на здравствениот систем и повисоки плати за здравствените работници.

– Во овие четири години бележиме постојан раст на платите во здравството, обезбедивме повисоки плати за лекарите специјалисти, за медицинските сестри и техничкиот персонал, за администрацијата во здравството, ги зголемивме специлизациите и надоместоците за дежурства. Обезбедивме и дополнителен бонус од 5 отсто за оние кои беа на првата линија на фронтот против коронавирусот, а од септември ќе им се зголемат платите на оние здравствени работници кои инвестирале во своето образование и по 2015 година, посочи Филипче.

Потпретседателот Филипче истакна дека СДСМ во сиот овој период презема мерки и политики што носат напредок во секоја сфера и дека тоа никој не може да го оспори, затоа што е потврдено со официјални податоци.

– Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можно најдоброто за секоја општина, најдоброто за нашето општество и нема дилема дека на локалните избори одново ќе ја дадат довербата на концептот на СДСМ што носи напредок во сите сфери, заклучи Филипче.

 

 

Последни вести