Изјава за медиуми,
Бетиане Китев,пратеник во Собранието на Република Северна Македонија,
Кавадарци, 05.04.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предовдена од СДСМ продолжува со грижа кон земјодлеците. Исправена е долгогодишната неправда кон лозарите од нашиот регион.
Во текот на вчерашниот ден исплатени се парите кои приватните винарници “Повардарие” и “Стефани Винарија” им ги должеа на лозарите за предаденото грзоје во 2015 и 2016 година.
77 милиони денари или над 1,2 милиони евра се иплатени кон над 2.000 лозари од Тиквешкиот регион за неплатеното, а предадено производство.
Овие пари се враќаат директно кај лозарите, за да ги вложат во ново производство на квалитетно грозје. Ова е пример за вистинска грижа кон земјоделците, кон лозарите, кон граѓаните.
Продолжуваме со спроведување на политиките што обезбедуваат грижа за земјоделците, унапредување на земјоделството и повеќе пари кај секој граѓанин, кај секое семејство.