fbpx

Силјановска не знае каде, тоа е факт, исто како што е потврдено дека е лицемерна кон граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Силјановска не знае каде е. Тоа е факт. Таа е загубена во политиката на деструкција на Мицкоски којашто ја следи.

Потврдено е исто така дека како и Мицкоски, и неговата кандидатка, Гордана Силјановска не е искрена и е лицмерна пред граѓаните и пред јавноста.

Силјановска пред граѓаните вели дека не го признава и нема да го користи уставното име на државата. Но, официјален документ потврдува дека таа се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија.

Неприфатливо е претседателски кандидат да ги манипулира гласачите, да говори едно, а друго да прави.

Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат лицемери и партиски послушници да застанат на чело на државата.

Скопје, 04.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести