fbpx

Стево: Посветен сум на интеграцијата, затоа што води кон прогрес и отвора шанси за младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател
Скопје, 21.03.2019

 

Почитувани,

Интеграциите и прогресот се нераскинливо поврзани процеси.

Не може да постои Македонија напредна, богата и просперитетна ако не биде интегрирана.

Затоа клучната моја заложба е Северна Македонија да биде час поскоро полноправна членка и на НАТО и на ЕУ.

Во овие рамки јас го гледам и решението за проблемот со иселувањето еден од најголемите проблеми кои оваа земја ги има, знаете дека тој проблем постои одамна дека има длабоки корења но својот врв го достигна во време на 10 годишното владеење на фамилијата.

 

Чесно е да се каже дека оној што ветува брзо решавање на тој проблем ги залажува граѓаните. Брзо и лесно решение за овој проблем не е можен, меѓутоа можно е да ги отвориме портите на пошироките интеграции и на тој начин да овозможиме влез на странските инвестиции, отворање на нови работни места и прогрес на сите полиња. Само на таков начин ако Македонија биде дел од модерниот и развиен свет, ние можеме да имаме шанса на младите овде, но не само и на младите, да им понудиме овде да почнат свој живот, кариера, бизнис и свој личен и професионален развој, а не таквата шанса да ја бараат некаде низ белиот свет.

Алтернативата на ова значи прогрес преку интеграциите на државата, ја слушаме од нашите политички опоненти и според нив се што досега е постигнато особено во последниве година до две, треба да се блокира и Македонија да се повлече од тие процеси и да продолжи изолирано да се развива, тоа сакам да ве убедам дека не е возможно.

Значи само преку интеграции доаѓаме до прогрес со изолација одиме до дополнително уназадување, а толку многу луѓе особено млади генерации веќе ја напуштија оваа земја чекајќи подобар живот.

 

 

 

 

Последни вести