Соопштение за јавност
Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство откупот на тутнoт е целосно завршен.
Повторно високи откупни цени за тутунот и оваа година, со просечна цена од 214,24 денари по килограм тутн.
Она што е важно, досега, исплатени се 98,24 отсто од вкупните количини на предаден тутун, а кон тутунопроизводителите исплатени се над 86 милиони евра за продаденото производство.
Рекордната цена од 217,60 денари по килограм тутун за реколтата 2017 година позитивно влијаеше на зголемувањето на производството и зголемениот откуп на тутун.
За реколтата 2018 година склучени се над 4.700 договори повеќе во однос на претходната година, а истовремено, забележано е зголемување на засадените површини со тутн за 387 хекатри повеќе во однос на 2017.
За оваа реколта исто така позитивно влијаа и обезбедените субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм тутун, во зависност од класата.
Владата предводена од СДСМ и Министерството продолжуваат со грижата кон земјоделците и остануваат силно посветени на мерките и политиките што го унапредуваат земјоделството и обезбедуваат повеќе пари кај секој земјоделец.
Скопје, 20.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА