fbpx

Граѓаните ќе бираат меѓу концептот за напредок предводен од мнозинството, и вториот концепт против НАТО и ЕУ предводен од опозицијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател,
14.03.2019

 

Денеска сакам со граѓаните на Велес да зборувам за една конкретна работа, една реалност, за Македонија која е де факто членка на НАТО Алијансата, и која за неколку месеци до крајот на оваа година, ќе биде и полноправна членка на најмоќниот воено – политички сојуз на земјата.

Тоа значи, накусо кажано зголемена бројка на странски инвестиции, повеќе работни места за нашите млади, помалку луѓе кои се иселуваат, едноставно повеќе шанси за подобар живот во својата земја.

Сите членки на НАТО кои тоа станале во последниве десет или петнаесет години, од кои некои и во нашиот регион, потврдуваат дека веќе во првата година по членството во Алијансата, странските директни инвестиции се зголемиле два пати, три пати, и повеќе пати.

Во овој контекст сакам да ја посочам разликата помеѓу мене, и главниот опозиционен кандидат, и мислам дека во тој дел граѓаните ќе немаат голема дилема.

Значи, на една страна ова што јас го нудам и 31 политичка партија и граѓаните коишто стојат зад мене, е Република Северна Македонија членка на Евроатлантските Интеграции, членка на НАТО и ЕУ, со отворени порти за подобар живот за сите нас, а на другата страна имате концепт кој заговара оспорување на Преспанскиот Договор, и оспорување со тоа на нашето членство и во НАТО и во ЕУ подоцна.

Значи мислам дека граѓаните овој пат ќе знаат да ја направат разликата меѓу луѓе кои заговараат концепти од 19 и од 20-ти век, концепти кои се поврзуваат со национализам и популизам, и со нереализирани ветувања, и концепти кои ја водат Република Северна Македонија во друштво со најмодерните и најпросперитетните нации и држави во светот.

 

 

 

 

 

Последни вести