Соопштение за јавност
Било какви обиди да се оправда насилството на 27 април е недозволиво.
Граѓаните гледаат каква омраза излегува од устата на Мицкоски.
Однесувањето на Мицкоски е идентично како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.
Режимската матрица на Груевски живее во Мицкоски. Тоа е истата матрица која 11 години ја тероризираше земјава и нејзините граѓани, спроведуваше линч кон неистомислениците и која впрочем го организираше насилството на 27ми април.
Изјавите на Мицкоски немаат никаква врска со правото, судовите се независни и тие носат одлуки дали некој е виновен или не.
27ми април е најтрагичниот ден од независноста до денеска. За нарачателите и извршителите на тоа насолство одговорност мора да има.
Република Северна Македонија е правна држава а Мицкоски брани насилници и ништо повеќе.
Скопје, 15.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА