fbpx

Шахпаска: Иванов го завршува мандатот како што го почна, на штета на граѓаните, но нема да ги запре реформите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања,
Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата
Скопје, 12.03.2019

П1: Може да се очекува и овој закон, како и претходните 11 да не биде потпишан за објавување и стапување на сила од страна на шефот на државата? Бидејќи и предмалку вицепремиерот Бујар Османи на некој начин топката ја префрли повторно во Парламентот, што всушност е Уставна процедура, дали до паузата што ќе се прави за претседателските избори, овие закони повторно ќе дојдат на дневен ред за да ги гласате и покрај што би требало сепак да бидат потпишани указите?

– Иванов го завршува мандатот онака како што го тераше во изминатите десет години. На штета на граѓаните, на реформите, против напредокот. Реформските закони се исклучително важни за граѓаните за Република Северна Македонија меѓутоа и за самата држава. Иванов делува спротивно од интересот на гаѓаните, меѓутоа нема да го стопира напредокот и реформите во нашата држава. Согласно Деловникот одговорен за процедурите во Собранието на Република Северна Македонија е Претседателот на Собранието и тој согласно тоа ќе постапи и ќе ги преземе надлежностите кои му се дадени со Закон.

 

П2: Вие како пратеничка група иако е крај на мандатот, можеби не е целисходно, дали размислувате да покренете постапка за импичмент?

– Знаете како, веќе распишани се претседателските избори има и кандидати претседателски, почнува од следниот месец од 1ви април изборната кампања, мандатот на Иванов е завршен. Граѓаните нема да дозволат да им се повтори нов Иванов, ќе изберат Претседател којшто вистински ќе се грижи за граѓаните, за напредокот, реформите на земјата и којшто ќе не води напред кон ЕУ и НАТО.

 

 

 

Последни вести