fbpx

Митрески: Претседателот на Собранието, Џафери, должи одговор зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на Велјановски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата
Скопје, 25.02.2019

Синоќа пратениците од мнозинството во Собранието беа подготвени да донесат одлука со која му се овозможува на судот да ги продолжи непречено своите процеси.

Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање за одземање на имунитетот на обвинетиот пратеник Трајко Вељаноски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на јавноста, на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски и зошто дозволи да настане неред на синоќешната седница.

Кворум постоеше. Мнозинството беше тука спремно за гласање. Граѓаните прашуваат, а Талат Џафери е должен да им објасни и на јавноста и на колегите пратеници – Зошто беше прекината седницата на која требаше да биде одземен имунитетот на обвинетиот за организација на 27 април, Трајко Вељаноски?

Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.

За Трајко Велјановски мора да важат истите процедури и правила како и за секој друг пратеник.

Собранието мора да постапува како што секогаш постапувало за сите други пратеници кои биле обвинети и за кои се барало одлука за нивна одговорност.

Поради ова, во Собранието денес нема услови да продолжат останатите активности.

27 април е крвав настан а неговите организатори мора да одговараат.

СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група – правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.

Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори.

Последни вести