Прес конференција,
Диме Велковски, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 08.12.2018
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Градиме по план за развој на патната инфраструктура во Македонија.
Преку интенизвни циклуси се случува значајна планска изградба на нови патишта и реконструкција на голем број патни правци низ целата држава во интерес на граѓаните.
Ова се поважните патни делници, кои се завршени за период од само 1 година или се во изградба во моментов, во рамките на нашиот план за развој на патиштата во Република Македонија.
Завршена е изградбата и реконструкцијата на автопатот Демир Капија – Смоквица, на обиколницата во Скопје, на обиколницата во Битола.
Извршена е рехабилитација на возната лента на автопатот Петровец – Миладиновци и Кадино – Хиподром, реконструкција на левиот коловоз на автопатот Куманово – Миладиновци, рехабилитација на регионалниот пат од мост Близанско – Калуѓерец, на трета лента на Валандовско брдо, на регионалниот пат Дебар – ГП Блато, регионалниот пат Петровец – Катланово, регионалниот пат Пршовце – Јегуновце и делницата Охрид кај Билјанини извори.
Реконструиран е регионалниот пат Гостивар – Колари, како и регионалниот пат Берово – Струмица, регионален пат Сарај – Групчин, регионален пат Битола – Новаци и регионален пат Кочани – Делчево.
Забележувате, интезивно се работи во сите региони на Македонија, за сите граѓани и за економски развој на општините.
Во тек се градежни активности за изградба на автопатот Кичево – Охрид, автопатот Миладиновци – Св.Николе – Штип, експерсните патишта: Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка, експресен пат на делница Градско – Дреново, експресен пат на делница Дреново – Фариш и експресен пат делница Штип – Крупиште.
Се реконтруираат и транзитните патишта кај Охрид и кај Кавадарци.
Нема дел од Република Македонија на којшто не се градат или обновуваат патиштата.
Развојот, унапредувањето и модернизацијата на патната инфраструктура ќе продолжи со несмалено темпо и во следната година.
Наскоро започнува втора фаза од изградбата на експресен пат делница Крупиште – Кочани, втора фаза од изградба на експресен пат делница Бучим -Радовиш, како и изградба на експресен пат делница Прилеп-мост на Леништа река и доизградба на една лента Крива Паланка – Деве Баир.
Во планот е и рехабилитација на неколку патни правци како патниот правец Куманово – Страцин; патните правци Младо Нагоричане – Пелинце, Куманово – Свети Николе, Тетово-Попова Шапка, Јурумлери – Драчево, Битола- Демир Хисар. Потоа, Драчево – Орешани, Делчево – Звегор, Делчево – Пехчево, Берово-Виница патниот правец Струмица – Ново Село, како и првците Кавадарци – Росоман и Фурка-Богданци – Гевгелија.
СДСМ како одговорна партија останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура што обезбедува брз, ефикасен и безбеден сообраќај и транспорт.
Градиме по план, со изградба на инфраструктура што ќе значи иднина и засилување на македонската економија, за сите граѓани, за сите општини во државата.