Соопштение за јавност
11 годишното игнорирање на проблемот со аерозагадувањето и системското унишување на зеленилото и животна средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ остави тешки последици што и денес се чувствуваат.
За разлика од таквиот неодговорен однос кон здравјето на граѓаните, денес сите надлежни институции на централно и локално ниво секојдневно преземаат активности за справување со загадениот воздух.
Во текот на вчерашниот ден, градинките во општина Бутел добија осум прочистувачи на воздух за просториите во кои се згрижени најмалите, а во наредните денови ќе бидат поставени уште 28 прочистувачи на воздух. Претходно беа набавени 1.700 висококвалитетни садници за дворовите на повеќе градинки низ државата.
Подрачното училиште „Гоце Делчев“ од Долно Лисиче го замени стариот нееколошки начин на затоплување на нафта со нов еколошки енергенс на пелети. Училиштето коешто до неодамна трошело 20 тона нафта за греење, отсега ќе има еколошки начин на греење кое нема да загадува и кое ќе ги намали и трошоците за затоплување. Се очекува, наскоро повеќе училишта, градинки и студентски домови да го следат овој пример и да го напуштат стариот, скап и нееколошки начин на загревање со нафта.
Јавното претпријатије Водовод и канализација за првпат постави автоматска решетка за отпад, којашто ќе задржува крупниот отпад што се наоѓа во фекалните води со што ќе се намалат отпадоците создржани во отпадните води кои завршуваат во реката Вардар и ќе помогне да се намали оптоварувањето на реката со покрупен отпад.
Паралелно со ова, континуирано се чистат коритата на реките и каналите од наноси на ѓубре и цврст отпад, а постојано се расчистуваат и диви депонии низ целата држава.
Се обновува уништеното и се подига ново зеленило, а се уште трае и субвенционирањето на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети за домаќинства, за што Владата предводена од СДСМ занчително ги зголеми средствата за поддршка на оваа мерка од 17 на 21 милион денари.
Се презема и серија други мерки преку здружена и координирана активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух.
Претстои уште многу работа, станува збор за сложен и долготраен проблем, но сериозно и посветено се работи за намалување на загаденоста на воздухот.