Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Навремените и ефикасни економски политики на Владата предводена од СДСМ придонесоа македонската економија денеска да е на стабилни основи, да биде развојна, динамична и конкурентна.
Доказ за тоа е економската активност во Технолошко развојните индустриски зони, која во вториот квартал од оваа година е на највисоко ниво во последните четири години.
Но покрај зголемениот извоз и увоз сведочиме и на рекордно прво полугодие во Технолошко развојните зони.
Во процедура на формално одобрување во ТИРЗ влегоа два нови договори, за компанијата Дура која ја проширува инвестицијата во трета фаза и Витек која инвестира во втора фаза.
Вкупниот обем на овие две инвестиции е 40 милиони евра со што заклучно со нив во првите шест месеци имаме склучени договори во вкупен износ 105 милиони евра.
Овие инвестиции отвораат 1.850 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а во државата меѓу другото да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка.
Истовремено, во овој период се водат преговори со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра.
Одговорниот, инклузивен пристап на Владата предводена од СДСМ во привлекување нови инвестиции дава реални резултати.
Регистрирано е и значително покачување во однос на просечниот бројот на вработени, односно имаме речиси 50% зголемување во последните 5 години. Во моментов во зоните има вкупно 14.230 вработени.
Сето ова се податоци кои покажуваат дека домашната економија е веќе опоравена, дека веќе можеме да зборуваме за нови стапки на економски раст.
Како одговорна, државотворна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики што носат нови инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите.