fbpx

Економијата е стабилна и развојна, јавниот долг е намален за 4,35 проценти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Ефикасните политики на Владата предводена од СДСМ, обезбедуваат македонската економија да биде стабилна, развојна и динамична, да создава услови за економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Целосно е исплатена еврообврзницата од 2014 година, за која државата досега годишно плаќаше 20 милиони евра само за камата.

Република Северна Македонија се раздолжи за 500 милиони евра за еврообврзницата, со што државниот и јавен долг само по овој основ се намали за 4,358 процентни поени.

Владата посветено работи за стабилизирање на долгот и негово позиционирање во рамки на Мастришкиот критериум, односно на ниво под 60%.

Буџетот е ликвиден, приходите од почетокот на годината имаат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани, а расходите се реализираат редовно и навремено

Официјалните податоци потврдуваат дека економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати.

Просечната нето плата за мај годинава изнесува 28.721 денари. Таа во споредба со просечната плата од јуни 2017 година, која била 22.808 денари е зголемена за 5.913 денари односно за 25,93 отсто.

Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност и во Индустриските зони и пад на невработеноста на историски најниско ниво.

Продолжуваме со мерки и политики кои градат силна, развојна економија која носи шанса за сите.