fbpx

Потпишани договори за 94 проекти во општините низ цела држава, финансирани со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

СДСМ посветено работи на подобрување на условите за живот на сите граѓани низ целата држава, инвестираме во капитални проекти кои обезбедуваат локален економски раст и рамномерен регионален развој.

Заокружен е ТАВ проектот, потпишани се договорите за 94 проекти во вредност од 49,7 милиони евра, кои во следниот период ќе се реализираат во општините низ цела држава.

Проектите се финансирани преку ТАВ програмата, односно средствата наменети за изградба на аеродромот во Штип ги пренаменивме за инвестиции во општините.

Средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, основни училишта, детски градинки и други проекти важни за развој на општините.

Продолжуваме посветено со инвестициите во инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво, за подобар живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

Последни вести