Прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани граѓани,
Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во поделбите на граѓаните, по етнички линии.
Охридскиот Рамковен договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници.
Но и после 20 години, безидејни и деструктивни политичари како пироманот Христијан Мицкоски се уште сеат и промовираат поделби.
Учинокот на ВМРО-ДПМНЕ во црните страни на нашата понова историја е голем.
Воениот конфликт во 2001 се случи токму во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога осудениот криминалец и шеф на Мицкоски, бегалецот Никола Груевски беше министер за финансии.
Како документ кој донесе прекин на воените дејствија, Охридскиот рамковен договор е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ.
Политичкиот пироман и безидеен учесник во политичкиот живот во земјава, Христијан Мицкоски, се обидува постојано да влече назад.
Во неговото деструктивно делување нема ништо добро и корисно за државата, ниту за која било заедница или наш сограѓанин.
Се покажа дека “Македонија на сите луѓе” е лажен слоган.
Почитувани, тоа разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Концептот Едно општество за сите е концепт на СДСМ кој обединува, концепт на граѓанска држава.
Изминатите години го покажаа токму тоа, политиките на СДСМ обединуваат, обезбедуваат стабилност, мир, економски развој и напредок.
Политиките на СДСМ движат напред, носат повеќе пари кај граѓаните, кај фирмите, носат подобар живот за сите.