fbpx

СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја општина, во понудата на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ утврди 51 кандидат за градоначалници за претстојните локални избори.

Станува збор за докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за својата општина.

СДСМ на овие избори излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на општините.

Локалните избори се избори на личности и токму тоа е една од клучните предности на СДСМ

СДСМ била, е, и ќе остане прва во промените, движечка сила на татковината, мотор на напредокот.

Нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓаните, да се решаваат нивните проблеми и барања. Тоа во изминативе години го правевме најдобро што можевме и ќе продолжиме уште подобро и во наредниот период.

Тоа е препознаено и од граѓаните, а еден од доказите за тоа се анкетите на кои СДСМ има убедливо водство пред останатите политички конкурентни.

За разлика од чесната, одговорна понуда на СДСМ, понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е понуда од немај каде.

Таму не само што нема нови лица, туку огромен дел од нив се луѓе на Никола Груевски, личности кои во минатото, во времето на режимот, биле на високи функции на државно и локално ниво.

Очигледно дека ниту самиот Мицкоски не верува во сопствената понуда на кандидати.

Фактот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да извадат свој кандидат за градоначалник на Град Скопје и Општина Центар, говори за поразот што ја очекува опозициската партија во главниот град, но и во многу други општини низ целата држава.

На граѓаните им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква понуда за овие локални избори.

Затоа на 17 октомври ги очекува нов силен изборен пораз. Граѓаните уште еднаш ќе потврдат дека развојот на општините е можен единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина.

 

Последни вести