Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани,
Од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан Мицкоски во текот на целата пандемија со коронавирусот видовме само деструктивно, неодговорно однесување, прекршување на мерките, опструкции и поткопување на здравствениот систем.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо почитување на мерките, поддржуваа протести на кои здравствените работници, се наречени ,,убијци”.
Дали за Мицкоски убијци се докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека беше заразен со коронавирусот?
Дали за ВМРО-ДПМНЕ убијци се оние кои повеќе од 18 месеци пожртвувано се борат во првата линија против коронавирусот?
Го повикуваме Мицкоски да престане со лицемерно и неодговорно однесување, да ги осуди овие срамни и навредливи протести, да се огради од нив и да почне да се бори против коронавирусот, кој се победува со вакцинација.
А, сега откако мерките го предомислија антиваксерот Мицкоски да се вакцинира, редно е да ги повика и граѓаните на масовна имунизација.
Остана и неодговорено прашањето кога Мицкоски, кој се чувствувал „лимитиран“, ја примил вакцината, дали на почетокот на август, кога објави на фејсбук или на 31 август, кога кажа на телевизија.
Не е ништо необично за Мицкоски, политичарот без став, да се изгуби во сопствените лаги, да шири невистини.
Додека Мицкоски се однесува незрело и неодговорно и претставува опасност за здравјето на граѓаните одново ќе биде поразен на локалните избори!