Соопштение за јавност
На пет дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за градоначалници, Христијан Мицкоски се уште нема кандидати за огромен број општини.
Секому му е јасно дека со нечесниот и неодговорен однос кон граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов изборен пораз.
Затоа никој не се нафаќа да биде кандидат на партијата губитник, затоа се почесто во јавноста излегуваат информации за конфликти внатре во ВМРО-ДПМНЕ и нивната губитничка коалиција.
ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат за Град Скопје, нема свој кандидат за Центар, а се уште нема објавено кандидати за Битола, Струмица, Карпош, Аеродром…
Мицкоски може да тактизира и да моли други партии, да блефира со ново мнозинство, но тоа нема да го спаси од нов изборен пораз, седми по ред.
На 17 октомври граѓаните ќе го поддржат концептот на СДСМ со кој ќе продолжи развојот на општините и напредокот на државата.