Изјава за медиуми, Марина Анчевска од СДММ
Почитувани,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку успешните економски мерки обезбеди пад на невработеноста на историски најниско ниво.
Денес, стапката на невработеност е на историски најниски 15,9 отсто.
Истовремено, драстично е намалена и младинската невработеност. Денес, таа изнесува 29 отсто, што е многу пониско од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 42 отсто.
СДММ и СДСМ континуирано креираат мерки и можности за младите во нашата држава.
Го поттикнуваме вработувањето со Оперативниот план и Гаранцијата за млади, преку неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, а истовремено го унапредуваме и ученичкиот и студентскиот стандард.
ВМРО-ДПМНЕ не го слушаше гласот на младите, мислеше само на наместени тендери, провизии, на полнење на своите џебови со народите пари, додека младите масовно се иселуваа во потрага по подобар живот.
Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење.
Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов пораз од граѓаните.