fbpx

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е од немај каде, составена од истрошени кадри, луѓе на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на СДСМ, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со досегашната понуда за кандидати за градоначалници покажа дека не се поместени ниту милиметар од режимската матрица.

Понудата на Мицкоски е од немај каде. Стари истрошени кадри, луѓе на Никола Груевски се поставени да бидат кандидати за градоначалници што ги понудува Мицкоски, таму нема никаква нова понуда.

Од друга страна, Мицкоски на неколку дена пред крајниот рок се уште нема понуда за голем број големи и важни општини како Аеродром, Битола, Карпош, Струмица и многу други. Очигледно е дека никој не сака да биде поставен само за да го понесе поразот за губитникот Мицкоски.

Почитувани,

ВМРО- ДПМНЕ и понатаму дејствува како подружница на приватна фирма на Груевски од Будимпешта и изгледа дека нема намера да го тргне тој тежок товар од себе и да се реформира во партија која работи за граѓаните.

Сите овие години како опозиционер, Мицкоски ги помина единствено во борба да ги заштити криминалните остатоци од автократското владеење на Груевски и во ниту еден момент не покажа дека излегол од сенката на неговиот претходник.

Така е и во ова предизборие, кога машината за штанцање лажни вести е пуштена на најсилно за да го покрие отсуството на реална политичка визија и понуда.

Се надеваме дека поразот кој им следи на локалните избори, ќе ги освести членовите на ВМРО-ДПМНЕ дека им е потребно водство кое знае и има волја да исчекори од блатото во кое ги заглави Груевски, а од кое Мицкоски нема намера да ги извлече.

Тоа ќе биде добро и за нив, но и за сите граѓани, кои постојано трпат штета од опструкциите и блокадите на опозицијата.

Последни вести