fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите кон Шилегов, ништо не ги спасува од изборен пораз во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Откако денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов ги разобличи лагите на опозициската партија, најмалку што можат да направат од белиот дворец е да се извинат за сите лаги што во континуитет ги пласираа овие денови.

Повторно, по кој знае кој пат пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку лаги и невистини да го сокрие фактот што нема никаква понуда за изборите.

Очигледно е дека како и досега ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема конкретна програма, нема идеја, нема проекти за граѓаните на Скопје, па кампањата како и претходно ќе ја темели на конструкции, лажни вести и измислици.

Токму заради таквиот однос, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шест пати беа поразувани од граѓаните, а ќе бидат поразени и на овие локални избори.

На овие избори граѓаните одново ќе ги поразат лажните вести и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе потврдат дека Петре Шилегов и СДСМ се најдоброто за Град Скопје.

Последни вести