fbpx

ВМРО-ДПМНЕ против работниците, против граѓаните, упорно ги кочи измените за недела неработен ден

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани почитувани новинари,

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против работниците, против граѓаните и нивните интереси.

Со денови пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за труд и социјална политика ги кочат измените на Законот за работни односи за недела неработен ден.

Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците што упорно ги кочи овие законски измени?

Овие законски измени овозможуваат 92 отсто од вработените да одмараат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Од каде толку злоба кај ВМРО-ДПМНЕ кон овие работници кои чесно си ја заработуваат платата?

Не е ова ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување.

ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравственииот персонал, против припадниците на Армијата.

Едноставно, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не им е важен никој, не им е важно ништо освен нивните лични и партиски интереси.

Со вакво неодговорно, деструктивно однесување на штета на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски ја чека нов пораз од граѓаните.

Граѓаните на претстојните избори ќе ги казнат ваквите погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници овде во Собранието.

Благодарам

Последни вести