fbpx

Буџетот е за економско заздравување и раст, зголеменото мнозинство ќе ги донесе и законите што опозицијата ги кочи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Во собраниска процедура влегува граѓанскиот Буџет за наредната 2022 година.

Со одговорно финансирање 2022 година очекуваме да биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции.

Фокусиран на интересот на народот, Буџетот за 2022 има четири основни цели:

Зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции.

Очекуваме конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции со цел да се донесе Буџетот.

Покрај Буџетот пред нас, пратениците претстои многу работа особено во донесувањето на законите кои со месеци па и години се блокирани од страна на опозицијата.

Демократскиот блок, преку зголемено, стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ во периодот пред нас треба да ги донесе законите кои се во интерес на граѓаните и државата.

Минимална плата од 18.000 денари, недела неработен ден, отпис на каматите за долгови, Законот за служба во Армијата, како и законските измени кои обезбедуваат трајно вработување на 4.700 наставници во основните и средни училишта се дел од законите кои опозицијата ги кочи а кои се важни за граѓаните.

Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните, носење на овие закони, но и на други измени и дополнувања на законите кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата.

Особено имајќи предвид предизвиците пред нас како енергетска криза, пандемијата, продолжување на евро-атланскиот пат на државата.

Тоа е одговорност на секој пратеник кој добил доверба од граѓаните.