fbpx

„Независната“ Данела тргнува во груба партизација, поставува лица на режимот на клучни позиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Мартин Попов, организационен секретар и советник во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Данела Арсовска градоначалничката на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ тргнува во груба партизација на јавните установи и Јавните претпријатија под надлежност на Градот.

„Независната“ Данела Арсовска предлага поставување лица на режимот на клучни позиции.

Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени куршуми, е предложена за член на Јавната установа Младински културен центар.

Еве го документот со предлог Одлуката која треба да се најде пред советниците на наредната седница.

Предлог листите за членови на Управните и Надзорните одбори на Јавните установи и јавните претпријатија во Град Скопје се полни со партиски докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

За нови членови на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација Скопје се предложени портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и Марија Митева.

Третиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски е предложен за член на Управниот одбор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Тоа се гледа од овие два документа. Лажните вести од белиот дворец Арсовска ги поддржува силно.

Почитувани,

Толку од наводната независност на Данела Арсовска.

Арсовска секојдневно покажува дека освен партизација на институциите, освен блокирање важни проекти за скопјани, ништо друго нема намера да работи.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето.

Ние сме на страна на граѓаните, ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто ние, советн иците од СДСМ се спротивставуваме.

Ви благодарам

Последни вести