Прес-конференција на СДСМ, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Пандемијата со коронавирусот покажа дека инвестциите во јавното здравство се инвестции во здравјето и иднината на нашата држава.
Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани.
Платите на сите вработени во здравството се зголемуваат за пет отсто, почнувајќи веќе од овој месец.
За оваа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година.
За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, додека на здравствените соработници за 15 отсто.
Го корегиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар.
Освен во човечкиот капитал, сериозно се инвестира и во опремувње и реновирање на здравствените установи.
За првпат охридскиот регион добива апарат за магнетна резонанца кој е поставен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија ,,Св. Еразмо” во Охрид.
Апарат за магнетна резонанца се постави и во Струмица, како и во Институтот за радиологија во Скопје, а Општата болница во Кичево доби апарат за компјутерска томографија
Целосно се реновирани 1.300 квадратни мерти од Клиниката за ортопедија во Скопје, реновиран и опремен е Ургентниот центар во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, како и одделот за нефрологија на Клиниката за детски болести.
Почитувани,
Сето ова е релизирано во само еден месец, што само ја покажува заложбата на Владата предводена од СДСМ за унапредување на условите за работа на здравствените работници.
Затоа продолжуваме со реализација на мерки и проекти кои обезбедуваат грижа за здравствените работници и унапредување на квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.