fbpx

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја злоупотребува пандемијата во дневно политички цели

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО -ДПМНЕ

Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ, си продолжува со очајните обиди политички да профитира од коронакризата, да шири страв и паника кај граѓаните, злоупотребувајќи ги, за жал, починатите од последиците на ковид-19 и нивните блиски.

Од почетокот на најголемата пандемија, со која се соочува целиот свет, од ВМРО-ДПМНЕ видовме само лажна загриженост, деструктивност, поткопување на здравствениот систем, ширење страв и паника кај граѓаните, барање оставки.

Додека промовираа лажна загриженост за состојбата со коронавирусот, лажеа дека нема тестови, дека нема лекови, дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши, тврдеа дека короната не постои, кочеа заем за опремување на болниците, ги поттикнува граѓаните на непочитување на мерките за заштита.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема чувство за државни и национални интереси, секогаш, во секоја ситуација ги става партиските интереси пред интересите на граѓаните.

Последни вести