fbpx

Стојкоски се жали дека Општина Ѓорче Петров нема пари, а троши 6.000 евра за чоколади и сокови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Во време на енергетска криза градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски парите на граѓаните ги троши на непродуктивни трошоци.

Преку два договори Општина Ѓорче Петров потрошила 354.000 денари или речиси 6.000 евра на чоколади, кроасани, сокови и чаеви.

Додека Стојкоски се жали дека општината нема пари, тој средствата од буџетот на општината ги троши на сокови, чаеви и десерти.

Едноставно, со Стојкоски се врати политиката „Немаме за леб а трошиме на чоколадо“ на Зоран Ставрески кој сега ја контролира работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојкоски бара помош од Владата жалејќи се на високите трошоци за електрична енергија а троши 6.000 евра на непродуктивни трошоци.

Ова почитувани е уште еден доказ за расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, наместо за интересите на граѓаните, функционерите, градоначалниците од оваа партија работат единствено за сопствените интереси.

Последни вести