fbpx

Данела Арсовска ги остави скопјани без помош, СДСМ обезбеди парно и презема мерки за надминување на енергетската криза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Во време на енергетска криза, Данела Аровска не презеде ништо и сами ги остави скопјани. Наместо да направи нешто или барем да понуди некакво решение, ВМРО-ДПМНЕ секој ден шири едни исти лаги а не прави ништо.

За разлика од таквиот неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи презеде навремени и ефикасни мерки за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните.

Откако Данела Арсовска ги остави скопјани сами да се справуваат со кризата за топлинска енергија, од денеска АД ЕСМ ги преземе управувањето со БЕГ, граѓаните ќе имаат топли радијатори три часа повеќе од претходно.

7.500 семејства ќе добијат субвенции за сметките за електрична енергија, а Владата подготвува нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Очигледна е разликата меѓу одговорното управување со институциите од страна на СДСМ и неработењето на кадрите од ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести