fbpx

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниеден свој проект, го кочат развојот на општините

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, во првите месеци од мандатот не сработеа ништо во интерес на граѓаните и општините.

Нема ниту еден свој проект реализиран од нивната програма, не ги исполнија ветувањата пред граѓаните.

Напротив, граѓаните сведочеа за прекинување на проекти, кршење на законите, трошење народни пари на чоколади и сокови. Партизација е се она што прават градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Данела Арсовска е прв пример за неработа, за неправење ништо. Освен што се прогласи за ненадлежна за се, прекинуваше проекти и нивелираше една шахта. Ништо друго не сработи во првите два и пол месеци од мандатот.

Арсовска среде енергетска криза не одвои ниту денар за помош на скопјани, и ги остави без парно, по што мораше Владата да презема мерки и да обезбеди парно за скопјани.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски наместо да направи нешто за граѓаните, во време на криза потроши 6.000 евра за чоколадни бонбони, сокови и кроасани. И тој како Арсовска се прогласи ненадлежен за се, освен за трошење на парите на граѓаните.

Кирил Пецаков градоначалникот на Охрид ќе остане запаметен само по тоа што ги прекрши законите и протоколите и го загрози здравјето на охриѓани.

Бобан Стефковски градоначалникот на Гази Баба стопираше неколку капитални проекти од неговиот претходник, како училиштето Кирил и Методиј во Стајковци.

Буквално ништо не направи ниту градоначалникот на Бутел, ниту на Кисела Вода. Градоначалник на Прилеп не знаеме ниту дали има, ниту што работи.

Вакви примери има безброј. Во секоја општина предводена од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ има назадување и неработа.

Наместо проекти и решенија градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат потребите на граѓаните и го кочат развојот на општините.

Граѓаните, општините не заслужуваат вакви неодговорни и неспособни градоначалници.