fbpx

Ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари. Исполнивме уште едно клучно ветување на СДСМ пред граѓаните, пред работниците.

80.000 граѓани, наши сограѓани ќе земат мартовска плата од најмалку 18.000 денари. Во просек за 45 евра повеќе приход за секој работник во време на енергетска криза.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ работниците имаа едвај 8.900 денари минимална плата.

ВМРО-ДПМНЕ како власт со години ја држеше минималната плата замрзната, и до денеска се противи на раст на минималната плата.

Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како рај за евтина работна сила.

Денес Мицкоски лицемерно кажува дека ја поддржуваат минималната плата. Додека неговите економисти јавно се противат на покачувањето на минималната плата. Трајко Славевски и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години ги спречи сите закони кои беа во интерес на покачување на приходите на граѓаните. Ги спречуваше растот на платите на лекарите и финансиската поддршка во време на криза.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која е против работниците.

СДСМ ја покачи минималната плата на 18.000 денари, со што за само 4 и пол години имаме двојно покачување од минималната плата од онаа од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е партија која ги штити работниците, но и ги поддржува и компаниите. Така и ќе продолжиме.

 

Последни вести