fbpx

Со измислени афери и пријави ВМРО-ДПМНЕ не може да го прикрие неработењето на Арсовска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Даниел Апостоловски од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки афери, поднесува пријави со една цел – да се обиде да го прикрие неработењето на градоначалничката Данела Арсовска.

Три месеци од мандатот потроши Арсовска и не спроведе ниту еден еднинствен свој проект, освен што нивелираше некоја шахта и што ја партизираше градската администрација.

Тоа го гледаат и граѓаните, тоа им е јасно на сите, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја правдаат Арсовска и преку конструкции и измислици се обидуваат да го прикријат нејзиното неработење и дејствување на штета на градот и граѓаните.

Последни вести