Прес-конференција, Наумче Мојсовски, претседател на Комисија за спорт на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Владата предводена од СДСМ е целосно посветена на создавање услови за развој и поддршка на спортот.
Веќе три години, мерката ваучер ги дава своите резултати.
Податоците покажуваат дека сѐ повеќе компании пројавуваат интерес да ја користат оваа мерка и со тоа да го поддржат македонскиот спорт.
На спортските клубови и федерации, на нашите спортисти, од големо значење им е оваа институционална поддршка за унапредување на спортот.
Измината 2021 година беше најуспешната спортска година од нашето осамостојување.
И во време на глобална здравствена криза, бележиме раст на реализацијата на мерката од дури 95 отсто.
Почитувани,
Со мерката ваучер систем поддржани се 174 спортисти, 46 федерации и 664 спортски клубови.
Ова значи дека 885 спортски субјекти и индивидуални спортисти имале бенефит од мерката ваучер систем.
Преку ваучер системот реализирани се околу 9 милиони евра, од кои 6 милиони евра се од општествено одговорни компании, а 3 милиони евра е поддршка од државата директно преку ковид програмата.
Почитувани, граѓани,
Преку ваучер системот спортистите, клубовите и федерациите имаат сигурен партнер во финансирањето на нивните програми.
Ова е од огромно значење за нивниот професионален развој и напредок.
Овозможува да се создадат подобри услови за спортистите и постигнување на одлични спортски резултати.
Со ваквата распределба на средства ја зголемуваме и мотивацијата и интересот за спонзорирање на стопанските субјекти во спортот.
Спортистите се нашите најдобри амбасадори и тоа е дополнителна причина да продолжиме со нашата безрезервна поддршка.
Благодарам