fbpx

Марковска: Минималната плата од 18.000 денари е двојно зголемена од онаа пред пет години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И во ек на енергетска и економска криза, продолжуваме со засилена финансиска помош за граѓаните за повеќе пари во семејствата, порача во своето обраќање, пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска.

„Со минималната плата од 18.000 денари, имаме двојно покачување во рок од четири и пол години. Северна Македонија веќе не е рај за евтина работна сила како што беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Следува усогласување на платите во јавниот сектор, и ново покачување на пензиите“ порача Марковска.

Во своето излагање, Марковска истакна дека новата влада има полн легитимитет и дека во време кога државата се соочува со здравствена, енергетска и економска криза, не се потребни дополнителни трошоци за организирање на предвремени избори, кои ќе го закочат нормалното функционирање на институциите.

Последни вести