Изјава за медиуми, Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Општина Аеродром
Во првите 100 дена од својот мандат градоначалникот Муцунски успеа да направи еден хотел за пчели и еден легнат полицаец.
Цели 100 дена Муцунски ја замајува јавноста со наводни бришења на градежни маркици, а всушност само го информира Советот дека има намера да покрене иницијатива за промена на деталните урбанистички планови.
Редовното дневно празнење на контејнерите го претставува како невиден успех, а периодичното чистење на дивите депонии како успешно реализиран проект.
Вети дека нема да ја финансира партијата со средства од општината, а просториите на урбаните заедници ги претвори во партиски штабови каде унијата на жени на ОК Аеродром реализира партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ.
Вети транспарентна општина, а распиша оглас за вработување на партиски кадри за време на Божиќните празници.
Првите 100 дена Муцунски ги потроши на евтини ПР трикови кои создаваат илузија дека нешто се работи. Вистината е дека паѓаат во вода сите предизборни ветувања.
Тимчо Муцунски не е ништо поразличен од останатите градоначалници на неговата партија кои својата неспособност ја покриваат со евтина партиска пропаганда.
Ако по утрото денот се познава првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики. Наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, а не реализираат ништо.
Граѓаните на Аеродром не се наивни. За помалку од 4 години повторно ќе има избори. Ваквиот нечесен однос на Муцунски кон граѓаните никој нема да му го прости.
Аеродром не заборава. На лажни ветувања избори не се добиваат 2 пати.