fbpx

Арсовска демантирана и од градежниците за Универзална сала

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на СДСМ, Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани,

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, со месеци ја стопира реконструкцијата на Универзална сала.

Наместо реализација на проектот за кој Владата има дадено 2 милиони евра на град Скопје, Арсовска се обиде со лага да ја оправда својата неработа.

Експересно, невистините на градоначалничката Арсовска ги демантираа и градежниците.

Проекетот за Универзална е стручен и безбеден, има добиено позитивно мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, од Градежниот факултет, а надзорот ги одобри сите градежни зафати.

За период од 4 месеци колку што е градоначалничка Арсовска требала целосно да ја заврши оваа фаза од проектот а не да измислува оправдување.

Наместо невистини и безбројни оправдувања за својата неработа Данела Арсовска треба се фати за работа и да го заврши овој важен проект за скопјани, но и за целата држава.

Универзална сала е симбол на Скопје и на солидарноста.

Недозволиво е со месеци реконструкцијата да стои закочена.

Градоначалничката на Скопје да не ги потценува граѓаните, да не бара оправдувања, туку конечно да се зафати со она што и е работа – да реализира проекти во интерес на Градот.

Последни вести