fbpx

Од 2017 година досега двојно е зголемена минималната плата а растат и платите во сите сектори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Законот за изменување и дополнување на минималната плата е важен елемент од стратегиите за вработување и социјална политика и чија примарна цел е заштита на работниците од неоправдано ниски плати, истакна од собраниската говорница пратеничката Марија Костадинова од СДСМ.

Таа потсети дека пред доаѓање на СДСМ на власт работниците кои работеа во дејноста текстил кожа обувки примале под минимална плата , веднаш потоа се зголеми на 12.000 денари.

Може овде да кажуваме популистички суми, но факт е дека Владата на СДСМ ги исполни и ги исполнува своите ветувања. Од 2017 досега од 9.000 на 12.000, 15.000 и сега на 18.000 денари двојно е зголемена минималната плата, истакна Костадинова, додавајќи дека тоа веќе влијае на растот на просечната плата, која сега изнесува 29.943 денари, што е за 6 .000 повеќе од 2017 година.

Таа нагласи дека обвинувањата од опозицијата дека оваа влада не работи во интерес на граѓаните ги побива фактот дека платите во овие 4 – 5 години растат и во здравство образование, во полиција, судство, администрација и тоа од 25 -40 проценти.

Додека ние овде 3 дена дебатираме за минимална плата, пресметајте колку трошоци имаме направено и колку се тоа минимални плати и добро е што заложбата на оваа влада продолжува во интерес на граѓаните во интерес на работниците, порача пратеничката Марија Костадинова од СДСМ.

 

Последни вести