fbpx

СДСМ поддржува Декларација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ поддржува Декларација за поддршка на територијалниот интегртитет на Украина, рече денеска пратеничката и членка на ИО на СДСМ, Даниела Колева, во одговор на новинарско прашање.

-Во врска со Украина би кажала дека територијалниот интегритет на Украина секако дека го поддржуваме, а воената агресија што Русија ја врши најостро ја осудуваме. Тоа е кршење на основните човекови права, рече Колева.

Пратеничката на СДСМ додаде дека безбедоста на нашата земја не е загорзена во моментов, упати апел нашите граѓани треба да бидат спокојни, бидејќи како членка на НАТО сме сигурни и безбедни.

-Нашите граѓани и ние како земја која е членка на НАТО, треба да бидеме спокојни, сигурни сме и безбедни во овој момент, затоа што НАТО нуди безбедност и сигурност. Ние ја уживаме заштата на најголемиот одбранбен сојуз во светот и за тоа треба да бидеме гордни, рече Колева.

Последни вести