fbpx

Институциите да го истражат скандалот со Мицкоски – нелегалниот асистент по јавни набавки на Арсовска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

По изјавите на Мицкоски дека преговарал и договарал зделки за набавка на автобуси во име на Данела Арсовска, основан е сомнежот за корупција.

Ги повикуваме сите надлежни институции, да го истражат овој случај и да не дозволат криминал и корупција.

Вмешаноста на нелегалниот асистент по јавни набавки на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски треба да биде расчистена.

Сите надлежни институции, Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство за организиран криминал, треба да постапат по јавно изнесените информации од страна на Мицкоски и да ги истражат.

Никаде во светот претседател на политичка партија не преговара за јавни набавки кои се во надлежност на единица на локална самоуправа.

За секоја јавна набавка особено од ваков обем постојат законски процедури кои подразбираат јавен повик, тендерска документација и потоа избор на најповолен понудувач согласно критериумите.

Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит и се откажа од 70 милиони евра, пари од Европската банка за обнова и развој.

Тврдењето на Мицкоски дека понудувачот е веќе најден и дека се подготвува и тендерска документација укажува дека постои можност зделката да е веќе договорена на незаконски начин.

Ова е исто како набавката на кинеските автобуси кога државниот буџет бил оштетен за пет милиони евра.

Комисијата за јавни набавки наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, продолжила со постапката и ја избрала кинеската понуда, иако имало понуда од друга фирма, која била за неколку милиони евра пониска.

За овој скандал веќе се водат судски процеси.

Тоа се резултатите на „заробената држава“ која ја создаде оваа партија.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија со истиот криминален начин на размислување.

Последни вести